Проект – ТВ емисија за разоткривање дезинформации и неточни вести

Во септември 2022 година, ИМА потпиша договор за мал грант со Амбасадата на САД во Северна Македонија за реализација на 9-месечен проект (септември 2022 – мај 2023 година) за продукција и емитување на 24 епизоди на неделната ТВ емисија „Полиграф“ за разоткривање дезинформации и неточни вести, спроведуван во соработка со националната Телевизија Алсат. 24 епизоди на проектот беа емитувани во ударен термин – секој понеделник во 19:45 часот, веднаш по главните вести, а репризите беа емитувани секој четврток во рамките на утринската програма на ТВ Алсат. „Полиграф“ се рангираше меѓу првите три најуспешни емисии на ТВ Алсат, со просек од околу 80.000 гледачи по емисија, што е доказ за успешноста на проектот и покажува дека мејнстрим публиката е заинтересирана за разоткривање на дезинформациите. Покрај ова, околу 140 стории на „Полиграф“ беа преобјавени од 20-тина популарни портали на македонски и на албански јазик.

Categories: